| четврток, 6 декември 2018 |

Се пренасочува сообраќајот на патот Струмица-Граничен премин Ново село

Од изутринава од 5:50 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново село“ на влез во село Дабиле е во прекин поради сообраќајна незгода и се пренасочува по локален пат, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози и наместа влажни на повисоките осојничави места.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top