Службите на град Скопје започнаа со прскање на градските сообраќајници со средството калциум магнезиум ацетат кое треба да ги ублажи последиците од штетните честички во возхудот на неколку критични локации, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.
Со ова средство во наредниот период ќе се третираат булеварот „Свети Климент Охридски“ и улиците „Свети Кирил и Методиј“ и „Јордан Мијалков“ во центарот на градот, како и булеварот „Трета македонска бригада” (од крстосницата со улицата „Коста Новаковиќ” до крстосницата со булеварот „Србија”) и булеварот „Србија” (од крстосницата со булеварот „12-та Македонска бригада” до крстосницата со булеварите „Видое Смилевски Бато” и „Јане Сандански”) во Општина Аеродром. Согласно со условите на терен, бројот на улици кои ќе се третираат со ова средство ќе се зголеми.
Град Скопје нагласува дека брзината на движење на возилата на улиците каде што ќе се аплицира средството калциум магнезиум ацетат ќе биде ограничена на 40 километри на час, поради можна појава на лизгавост на коловозот. На улиците е веќе поставена и соодветна сообраќајна сигнализација, а изработен е и соодветен сообраќаен проект.
„Калциум магнезиум ацетат е средство кое се користи за контрола и намалување на ситната прашина (ПМ10 и ПМ2,5 честичките) и за стабилизација на патиштата. Средството е еколошки производ, биоразградлив, не е штетен за растенијата (погоден е за апликација во близина на паркови и зелени површини), а најважно е што не е корозивен (нема да предизвика оштетување на возилата). Производот е лесен за апликација и целосно е стабилен, што значи може да се чува за подолг период. При неговото аплицирање како резултат на неговиот состав може да се почувствува слаб мирис на оцет, кој исто така не е опасен по здравјето на луѓето“, информираа од Град Скопје.
Во соопштението се наведува и дека искуствата од европските градови каде што се користи ова средство укажуваат дека со негово аплицирање потенцијалот за намалување на прашината е од 10 до 30 отсто. За реализација на овој процес, Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ минатата 2015 година специјално адпатираше шест од новите возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да не беше трагично, ќе беше смешно: Град Скопје признаа дека пуштиле старо видео
-
Во Скопје денеска се прскаше против комарци
-
Возачите на Балканот во паника: Пристига новиот радар со кој полицијата ќе може освен брзината, да детектира и дали зборувате на телефон!
-
Измените во законот стапија на сила: Лицата над 70 ќе треба да ја обновуваат возачката на три години