| четврток, 6 декември 2018 |

Партизан пресилен за МЗТ Скопје Аеродром

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром претрпе пораз на гостувањето кај Партизан во меч од 15.коло на регионалната АБА лигата.
На натпреварот одигран вечерва во Белград, МЗТ Скопје загуби од партизан со 91-76 по четвртини 24:24, 23:18, 16:14 и 28-20.
Аеродромци беа рамноправни само во првата четвртина која заврши нерешено 24:24, но од стартот на втората па се до крајот на мечот домашните кошаркари беа оние кои постјано го контолираа резултатот и на крајост сосема заслужено се радуваа на дванаесетата победа сезонава. Ова беше единаесетти пораз за МЗТ Скопје во АБА кокуренцијата.
Во редовите на макеоднскиот првак најефикасен беше Стефан Синовец со 20 поени, додека Џош Скот покрај 15-те поени имаше и 11 скокови. Јовица Величковиќ со 21 поени беше најефикасен во редовите на Партизан, воедно и на натпреварот.
Табела: Црвена Звезда 14-0 (победи-порази), Партизан 12-3, Цедевита 10-4, Цибона 10-4, Будуќност 10-4, Игокеа 8-7, Олимпија 6-8, Карпош Соколи 4-11, МЗТ Скопје 4-11, Задар 5-9, Крка 5-9, Морнар 4-10, Мега Лекс 4-10 и ФМП 4-10.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top