| четврток, 6 декември 2018 |

Кого сѐ џихадистите врбуваат и како тоа го прават?

Првиот чекор се прави во локалните исламски заедници, училиштата, на универзитетите или во илегалните џамии. Регрутите имаат одлични ораторски вештини. Тие од разговорот ги оценуваат потенцијалните кандидати

„Алах те вика. Биди негов гласник“. Ова е само еден од бројните слогани кои ги користат џихадистите при регрутирање на нови борци.

Врбувањето на потенцијални кандидати за џихадисти може да потрае со месеци, а постојат неколку пристапи.

Џихадистите за регрути бираат искусни, радикални проповедници кои на итар начин влегуваат во умовите на младите и ги претвораат во ладнокрвни убијци.

Профилот на просечната жртва која џихадистите ја врбуваат во своите редови е обично млад човек, во рани 20-ти години, необразован и со лоша финансиска ситуација.

Првиот чекор се прави во локалните исламски заедници, училиштата, на универзитетите или во илегалните џамии. Регрутите имаат одлични ораторски вештини. Тие од разговорот ги оценуваат потенцијалните кандидати.

Кога ќе ја одберат жртвата, проповедникот се зближува со неа. Учи за семејството, минатото, интересите и слабостите на жртвата. Проповедниците одбираат млади луѓе кои најчесто се сиромашни, со лош однос со семејството и нудат „пријателска“ помош. Помошта е во придружување на организацијата која „се бори за вистинската цел“.

Една студија која ја изготвил оксфорскиот професор Скот Ален покажува дека поголемиот број регрутирани џихадисти со екстремизмот ги запознал близок пријател, колега или член на семејството.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top