| четврток, 6 декември 2018 |

Кралицата на Шведска заврши во болница

Популарната шведска кралица Силвија е хоспитализирана во петок вечер заради вртоглавица, на нејзиниот 73. роденден, соопшти портпаролката на шведската кралска куќа, а пренесува агенцијата „АП“.

Како што се наведува во соопштението, кралицата Силвија е задржана во текот на ноќта на посматрање и се „чувствува добро“, при што се додава дека извесно време се жалела дека и студи.

Кралицата Силвија е родена во Германија, а за кралот Карло, тогаш принц, се омажи во 1976 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top