| четврток, 6 декември 2018 |

„Руска бајка“ – новогодишен концерт на Македонската опера и балет

Во недела, 01.01.2017 г. во 20.00 ч, Македонската опера и балет ќе го изведе својот традиционален Новогодишен концерт. Концертот ќе се одржи во реновираниот Салон на Македонската опера и балет  и носи наслов, „Руска бајка“.

На програмата ќе бидат застапени дела од познатите руски композитори: Прокофјев, Чајковски, Шостакович, Рахмањинов, Фомин, Герман, Пендерцки, и Римски-Корсаков.

Ќе ги изведат оперските солисти: Тамара Калинкина-сопран, (Украина), Борис Трајанов-баритон и Дарко Нешовски-тенор, и балетските солисти: Мими Поп Алексова Атанасовска, Марија Кичевска Шокаровска, Ивана Коцевска, Бобан Квачевски, Дојчин Дочев (Бугарија),  Игор Веланоски, Дафина Данилоска-Кочевска, Маја Митровска-Богојевска, Марина Анастасовска и Билјана Басмаџиева.
Учествуваат и балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет. Режисер е Трајко Јордановски, кореограф: Саша Евтимова, а диригент на концертот ќе биде Иван Еминовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top