Повеќе од 450 деца со особен интерес го проследија симболичното пристигнување на Дедо Мраз со транспортен хеликоптер на АРМ на воениот дел од аеродромот „Александар Велики“, а потоа и да добијат од него новогодишни пакетчиња.
Незаборавното доживување за најмладите секоја година го овозможуваат припадниците на воздухопловната бригада (ВБР) од АРМ, со цел поделба на новогодишни пакетчиња на децата од загинатите и починати припадници на ВБР, но и на сите заинтересирани припадници од останатите команди и единици на АРМ и МО.
Оваа манифестација традиционално се одржува во пресрет на новогодишните и божиќните празници, а заради атрактивноста и годинава е масовно проследена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.