| четврток, 6 декември 2018 |

„Се создадоа услови? Што ли направив неделава?“-Вучиќ по откочувањето на преговорите со ЕУ

-Се создадоа услови? Што ли направив претходните седум дена?- праша Вучиќ во Белград кога новинарите му соопштија дека Хрватска го одблокира поглавјето за образование и култура. Сепак, српскиот премиер Александар Вучиќ е благодарен на Хрватска што го одблокира 26 поглавје од пристапните преговори на Србија со ЕУ.

Хрватскиот министер за надворешни работи Иво Штир рече дека се создале услови да се одблокира тоа поглавје, откако министерот за образоание на Србија со претставниците на хрватското национално собрание и Заводот за учебници потпиша анекс договор со кој се регулира прашањето за учебниците, но не само нивниот превод од српски на хрватски и од кирилица на латиница, туку во нив да има посебни додатоци, содржини за хрватското малцинство.

-Изгледа дека многу сме напредувале во претходните седум дена и благодарен сум им што го констатираа нашето драматично напредување. Им благодарам што ни го одблокираа поглавјети и многу сум благодарен на нашите соседи- додаде Вучиќ, кој оцени дека тоа е добар потег кој ќе помогне за подобри српско-хрватски односи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top