Локалната полиција спречила терористички напад планиран за Божик во центарот на Мелбурн откако биле извршени повеќе рации во кои биле уапсени седум лица, пренесуваат светските агенции.
Уапсените планирале да нападнат прометна локација како што се железничката станица во Мелбурн, плоштадот на Федерацијата или катедралата „Свети Павле“, изјавил началникот на полицијата во австралиската држава Викторија, Грем Ештон.
Тој прецизирал дека уапсените биле инспирирани од пропагандата на терористичката организација Исламска држава и дека „самите се радикализирале“. Лицата биле набљудувани од полицијата веќе некое време, рекол Ештон додал дека за време на претресите биле пронајдени материјали за правење импровизирани експлозивни направи.
-Сигурно постоел потенцијал за извесен број луѓе да бидат повредени или убиени во овој напад – рекол Ештон. Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, најавил дека на улиците на Мелбурн за Божик ќе бидат распоредени дополнителни полициски единици, со цел граѓаните да се чувствуваат побезбедно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст