| четврток, 6 декември 2018 |

Конференција на главните подофицери во командите и единиците на АРМ

arm

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, на годишната конференција на главните подофицери во командите и единиците на АРМ, првпат во АРМ симболично ќе изврши доделување на ознаките за должноста главен и прв подофицер во Армијата на Република Македонија.

Доделувањето на ознаките е согласно со Уредбата за единствен знак за припадност на Армијата на Република Македонија, униформата, ознаките на чиновите, на родовите и службите, ознаките на единиците како и начинот и условите за нивно носење.

На конференцијата пред началникот на ГШ и командантите на командите и единиците на АРМ, главните подофицери ќе брифираат за реализираните и претстојни активности на подофицерскиот кор на АРМ.

Подофицерскиот кор во АРМ и армиите на НАТО е особено значаен со улогата на компетентни тренери со развиени лидерски карактеристики и способности, и претставува еден од главните столбови во изведување на воената обука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top