Индивидуален станбен објект со посебен режим на домување од проектантското биро „РАДО Инженеринг“ и архитектите Пако Радовановиќ, Арсенија Поповска Радовановиќ и Ѓоко Радовановиќ е најуспешно реализирано архитектонско дело во 2016 година.
Наградата, што ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија, ја врачи Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој е покровител на манифестацијата.
-Оваа награда претставува своевиден преглед на архитектонските остварувања во тековната година и валоризација на најуспешните достигнувања. Вредноста на ова признание е дотолку поголема што доаѓа токму од колегите-архитекти кои најдобро умеат да ја проценат важноста на едно архитектонско дело – рече претседателот Иванов на доделувањето на наградата, што се одржа во Музејот на Град Скопје.
Пред секој архитект, нагласи тој, стои предизвикот да направи успешно и вонвременско дело кое ќе му обезбеди слава и бесмртност. Иванов на архитектите им порача дека пред себе имаат одговорност не само кон современиците, туку и кон идните генерации.
-Пред македонските архитекти несомнено стои и предизвикот да ја чуваат, но и да ја усовршуваат и збогатуваат традицијата на македонската архитектура која е одраз на вредностите и на македонскиот светоглед. Пред сè, тоа е архитектура по мера на човекот, која кореспондира со околината и со природниот пејзаж. Македонија може да се пофали со значајна традиција на македонски градители чиишто градби се познати во регионот и пошироко. Верувам дека така ќе биде и во иднина – истакна претседателот Иванов по доделувањето на наградата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево