По нападот извршен со камион на божиќниот саем во Берлин во кој беа убиени 12 лица, а повредени 48, неколумина кои присутствувале на немилиот настан се уште се водат како исчезнати. Таков е случајот со Италијанката, Фабриција Ди Лоренцо (30) за која се стравува дека можеби е уште една жртва. Имено, по немилиот настан нејзиниот мобилен телефон и карта за метро биле пронајдени на местот на масакрот, но по тие моменти на Фабриција и се губи секоја трага.
Нејзиното име не било објавено меѓу оние на жртвите, а нејзините родители тргнале кон Берлин и се надеваат дека таа го преживеала нападот.
– Откако дознавме за нападот, се јавивме во нашето министерство за надворешни работи да дознаеме дали имаат некои информации или имиња. Незнам веќе на што да се надевам. Не можам да не помислам на најлошото, но надежта за своето дете никогаш нема да ве напушти, изјавил таткото на Фабриција.
Инаку Фабриција во Берлин се преселила во 2012 година откако дипломирала во Болоња по што се вработила во компанијата Бош. По нејзините објави на социјалните мрежи можело да се види таа се залагала за помош и ги поддржувала бегалците од Сирија кои доаѓале во Европа, а сега токму еден од нив можеби и го земал животот…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Нападот во Амстердам е терористички чин: Сторителот и признал на полицијата
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
По Париз, денеска протести и во Берлин: Незадоволство од цените на станарините