Семејството се обидува да ги увери новинарите и детективите дека немаат врска со џихадистите, додека сите останати од нив се обидуваат да дознаат како Анис од малолетен деликвент станал опасен терорист.
Браќата, сестрите и мајката не можеле да дојдат до тој одговор, но неговиот татко Мустафа мислел дека знае за што станува збор.
-Живеевме во беда и сиромаштија. Анис заврши основно училиште, беше како сите останати свои врсници. Меѓутоа, проблемите започнаа кога поради сиромаштијата мораше да се отпише од средно училиште. Повремено работеше на фарма, а парите почна да ги троши на алкохол и хашиш. Набрзо почна да ограбува, па неколку пати заврши во затвор- рекол Мустафа кој пресвртот во животот на Анис го видел во неговото заминување во Италија.
-Замина во Италија во 2011 година. Половина Тунис тогаш се отсели. Она што го знам е дека поради грабеж и обид за подметнување пожар заврши во затвор. Зад решетки помина цели четири години и таму се сретна со радикални исламисти. Во затворот му го испрале мозокот- рекол Мустафа за „Тајмс”, потврдувајќи дека Анис ја искористил војната во Сирија за да стигне во Германија со останатите бегалци.
-Не знам што му се случило. Порано обожуваше фудбал, постојано менуваше девојки, а верата воопшто не му паѓаше на памет. Изгубивме контакт кога замина во Германија. Им се јавуваше на браќата и сестрите, но мене не. Исто така, не ни испраќаше пари, само еднаш преку еден пријател од Тунис ни испрати мобилен и чоколада- раскажал неговиот татко.
Неговите браќа и сестри биле во шок уште од моментот кога ја виделе фотографијата на Анис на телевизија.
-Се жалеше дека не може да најде стан во Германија и дека спие насекаде. Меѓутоа, последните два пати кога се слушнавме, рече дека е во ред. Но, немојте неговите дела да ни ги препишувате нам. Ова семејство никогаш немало контакт со ИСИС, ние исто така сме жртви!- рекол неговиот брат Валид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
По Париз, денеска протести и во Берлин: Незадоволство од цените на станарините
-
Вучиќ во Берлин ќе се сретне со Меркел