Отпечатоци од прстите на Анис Амри, 24-годишниот Тунижанец осомничен за нападот на божикниот базар во Берлин во понеделникот вечерта кога беа убиени 12 и повредени 48 лица, се пронајдени на вратата од камионот, пренесуваат во четвртокот германските медиуми.
Полицијата започна потрага по Амри откако пронашле негови лични документи од седиштето на камионот, а телевизијата RBB пренесува дека тој во бегство од местото на злосторството го загубил и својот паричник и мобилниот телефон.
Исламската држава ја презема одговорноста за овој најкрвав напад на германската почва од 1980 година. Нападот предизвика загриженост во европските држави во пресрет на bожикните празници поради што е зајакната безбедност на континентот.
-Ширум државите се спроведуваат потраги и истраги, открива за AFP портпаролот на германскиот антитерористички оддел на обвинителството.
Јавната телевизиска мрежа WDR претходно потврди дека е извршен претрес во еден стан во Дортмунд, додавајќи дека полицијата уапсила четири лица. Според извештаите на телевизијата N-TV, четирите апсења биле поврзани со осомничениот Анис Амри.
Портпаролот на главното германско федерално обвинителство ги отфрлил овие медиумски извештаи, додавајќи дека не сака да открива повеќе информации за да не ја загрози истрагата, пренесува Ројтерс.
Амри во Германија дошол во јули 2015 година, од Италија каде што дошол како бегалец од Тунис во 2011 година, и каде што поминал извесно време во затвор поради криминални активности.
Мајката го повика да им се предаде на германските власти, пренесува агенција DPA.
-Ако мојот син стои зад нападот, јас се откажувам од него, изјави Нур ал-Худа, мајката на Анис Амри.
-Разговарав со него пред неколку дена. Ми испрати подароци и пари, истакнува ал-Худа, додавајќи дека нејзиниот син сакал да се врати во Тунис, за да го реши својот правен статус во татковината околу претходни тужби за кражба на камион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст