| четврток, 6 декември 2018 |

Лажеле дека ќеркичката им е болна, собрале 15.000 евра донации

СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Б. (42) и В.Б. (39), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.

Во февруари 2015 година пријавените во два наврати го довеле во заблуда И.П. (56) од Битола дека наводно им се потребни пари за лекување на нивната малолетна ќерка. На тој начин на оштетениот му предизвикале материјална штета од 900.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top