| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот ќе ги прими акредитивите од амбасадорите на Иран, Јапонија, Мароко и Буркина Фасо

Претседателот Ѓорге Иванов ќе ги прими акредитивните писма од новоименуваните амбасадори на Исламската Република Иран, Јапонија, Кралството Мароко и Буркина Фасо за Република Македонија.

Акредитивите на претседателот Иванов ќе му ги предадат новоименуваните вонредни и ополномоштени амбасадори на Исламската Република Иран Хоссеин Карими, на Јапонија Кијоши Коинума, на Кралството Мароко Закиа Ел Мидауи и на Буркина Фасо Амаду Дицко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top