Претседателот на САД, Барак Обама, иако е повеќе од осум години на претседателската функција, јавноста не го знаела доволно.
Обама во едно неодамнешно интервју за магазинот „Пипл“ откри дека има голем страв од снешковци и дека тие се малку морничави.
Тој вели дека кога еднаш за да се пошегува со него првата дама Мишел Обама поставила снешко во нивната спална соба, а тој уплашено ѝ се заканил дека нема да легне до неа доколку не го фрли надвор снешкото, пишува магазинот.
Сепак, стравот кој го има Обама не ја спречи Белата куќа годинава да има дури четири снешковци во својот дворец, а фотографот вработен во кабинетот на Обама раскажа и една истересна случка поврзана со претседателот.
Пит Соуза вели дека еден од поставените снешковци персоналот се договорил да го поместуваат секојдневно се поблиску до овалниот кабинет, се со цел да видат дали претседателот ќе го забележи тоа. При поместувањето тие сфатиле дека тие се премногу тешки за да ги движат секојдневно, но дел од персоналот сепак се обидел да ги помести дури сите четири снешковци, па така претседателот бил пречекан со четири снешковци пред неговиот кабинет. Обама вели дека му се допаднала шегата, пишува магазинот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст