Во светот на модата се појави т.н. „грозен празничен џемпер“, кој чини 30.000 долари, а украсен е со, ни помалку ни повеќе, туку 24.274 кристали од „Сваровски“. Модната марка, која е одговорна за оваа креација, која, дефинитивно, можеме да ја опишеме како уникатна е „Типси елвс“. Тие некако успеале да направат договор со „Сваровски“, со цел да го претстават овој џемпер, кој слободно може да ја добие титулата најскапиот празничен џемпер.
Неколку талентирани луѓе работеле 52 часа со цел рачно да ги нанесат кристалите на џемперот. Со самата модна креација доаѓа и рамка, така што после празничната сезона можете да го изложите во својот дом и да се фалите со ова уникатно парче. Џемперот е направен од премиум волна, а има и задебелени рабови и двојна основа.
А судејќи според сè, Дедо Мраз го променил возењето, бидејќи на џемперот не се претставени ирваси, туку еднорог. Од модната куќа велат дека е потребно само да се потрудите да не го извалкате вашиот џемпер во текот на празничната вечера, и ве советуваат да си го осигурите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите се загрижени дека ќе мораат да ја прекинат магијата за нивните деца: Треба ли да се лаже за постоењето на Дедо Мраз?
-
Дeдо Мраз пристигна со борбен авион во грчкиот град Лариса
-
Дедо Мраз дојде и кај нас: Сашко Коцев и Гораст Цветковски делеа подароци за децата (фото)
-
Дедо Мраз им донесе пакетчиња на децата на војниците на АРМ