| четврток, 6 декември 2018 |

Пред две седмици зборувал со роднините, оттогаш се губи осомничениот за напад во Берлин

berlin-napad

Последен пат Тунижанецот Анис Амри, по кого германската полиција трага во врска со терористичкиот напад врз божикниот базар во понеделникот вечерта во Берлин,комуницирал со роднините пред две седмици коа им кажал дека со него сé е во ред, изјави за таблоидот Билд, неговиот постар брат Валид Амри.

-Пред околу две седмици ние комунициравме последен пат на Фејсбук. Го немам бројот на неговиот мобилен телефон, ние секогаш се допишувавме преку Фејсбук, изјавил братот на осомничениот терористи и додал дека„во нашиот последен разговор пред две седници тој кажа дека со него сé е во ред“.

Според Валид Амри, неговиот брат го напуштил Тунис во 2011 година, кога отпатувал за Италија со намера подоцна да замине во Германија „да бара работа“. Но тој во Германија успеал да влезе дури „пред три или четири години“, додал Валид. Притоа неговиот помлад брат не го помагал материјално семејството во Тунис, а тој немал постојано место на живеење во Германија, тврди братот.

Според податоците на полицијата, Анис Амри дошол во Германијаво јули 2015 година, и престојувал во неколку сојузни покраини, а од февруари 2016 година живеел главно во Берлин.

-Видов на Фејсбук дека трагаат по брат ми. Јас ништо не знам. И јас сум изненаден, како и другите. Ние немаме контакти со Исламската држава- рекол Валид Амри.

Претходно агенцијата АФП пренесе дека безбедносните служби на Тунис ги земале на разговор членовите на семејството на 24-годишниот Анис Амри, но нема информации за сознанијата што евентуално ги добиле од нив.

По Тунижанецот полицијата распиша награда од 100.000 евра, за информација која ќе доведе до негово апсење. Трагата води до него, откако во кабината на камионот со кој беа убиени 12 а повредени уште 48 луѓе, било пронајдено уверение на негово име. Одговорноста за нападот ја презема терористичката организација Исламска држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top