Празниците секогаш ни даваат надеж, дури и тогаш кога во животот не ни оди најдобро. Поради тоа, мајсторите за фенгшуи советуваат добрата среќа и здравјето да ги повикате сами.
Освен позитивните мисли, вашиот дом треба да го украсите на следниов начин.
Пред сè, многу е важно темелно да ја средите куќата од подот до таванот, исфрлајќи ги надвор сите непотребни работи, како и правот и нечистотијата. Кога ќе го ослободите домот од товарот (непотребни хартии, кеси, неискористена гардероба итн.), украсете ја со свеќи, кои редовно ќе ги палите. Многу е важно во домот да внесете украси во црвена, виолетова, сребрена и златна боја. Истите тие украси хармонично распоредете ги во станот, но обрнете внимание во вашиот дом да има и доволно огледала и светли места.
Боите играат главна улога во привлекување на среќата и на доброто здравје.
На пример, зелената боја се користи за подобрување на здравјето и хармоничен однос во семејството, па таа боја се става на источната страна од домот.
Ако сакате во 2017 година вашата кариера да тргне кон подобро, тогаш украсете го домот во сина боја, но така што ќе ја ставите во северниот дел од него.
Не заборавајте дека за време на празниците вашиот дом мора да зрачи со црвена боја. Оваа боја му припаѓа на елементот оган, Кинезите ја поврзуваат со среќа, Индијците со брак, а целиот свет ја почитува како боја на љубовта и страста. Според фенгшуи оваа боја означува богатство, среќа и луксуз.
Поради тоа, користете ја црвената боја во изобилство за да ја повикате среќата и благосостојбата во 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.