Судот го прогласи за виновен, но не го казни 42-годишниот Стојче Димитров од Демир Капија за сообраќајната несреќа во која загина неговата петгодишна ќерка, а што се случи на 13 март на делницата Прилеп-Градско, јави Телеграф.
Ова е одлука на Основниот суд во Кавадарци, откако Димитров го признал делото – тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот. Судот одлучил обвинетиот да го ослободи од казна бидејќи, според образложението, ,,кривичното дело е сторено од небрежност и последиците од делото – загубата на неговата ќерка, го погодуваат така тешко што изрекувањето казна во овој случај не би одговарало на целта на казнувањето“.
Сообраќајката се случи на 13 март годинава на верскиот празник Прочка, во 14 часот и 50 минути на патот Прилеп-Градско, пред крстосницата за селото Дреново. Автомобилот „форд фиеста“ со велешка регистрација, со кој управувал Димитров, изгубил контрола, удрил во брегот од десната страна и се превртел.
На самото место починало девојчето, додека неговите баба и дедо минале со полесни повреди.Обвинетиот пред Судот изјавил дека имал голема грижа на совеста за последиците од оваа сообраќајна незгода. За него е нејасно како воопшто се случила несреќата и ова прашање за него ќе биде отворено засекогаш.
Според вештачењето, до сообраќајката дошло во услови на врнежливо време и лизгав коловоз, во близина на угостителскиот објект „Ловец“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)
-
Пораснаа децата на поранешниот претседател, Борис Трајковски!
-
Живот од бајките со трагичен крај: Ова е убавата ќерка на сопственикот на Лестер која загина со татко и
-
Се роди Илина, ќерката на Сара и Димитар (ФОТО)