Амелија Перин (20) блогерка за убавина од Есекс објави фотографија од разранети нокти. Раните ги добила кога се обидела сама да си ги зивади вештачките нокти. Таа е зависник од техниката акрил и сака да ги предупреди своите следбеници што се крие зад убавината на совршените нокти.
Студентката која во слободно време работи како шминкерка вели дека сака да ја покаже реалноста. Таа ги вади вештачките нокти по шест години.
today’s nailswag was c/o @wahnails x @baronvonfancy ✨💅🏼
A photo posted by Amelia Rushmore-Perrin (@ameliaperrin) on
„Само то не заплакав кога топлата вода од тушот дојде во контакт со моите нокти. Сигурно косата ми е полна со сапуница. Не ми е гајле на што личат, многу ме боли“, напишала Амелија на Твитер.
Нејзината порака наишла на многу симпатии кај девојките, но и покрај сѐ таа не се откажува од вештачки нокти.
„Погодете кој става акрил утре. Јас, девојката која никогаш не учи од грешките“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.