Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по повод 21 декември – Денот на наставата на турскиот јазик упати честитка до сите припадници на турската заедница во Македонија.
– Негувањето на народниот јазик е наша долгогодишна традиција и наша долгорочна обврска за иднината. Македонија и Балканот од многу одамна биле место каде се сретнувале разни јазици, култури и народи. Мајчиниот јазик и националната мисла отсекогаш останале обележје и нераскинлив дел од идентитетот на секој од тие народи. Македонија знае да ги цени таквите обележја и наша трајна определба е да ги негуваме и прославуваме како еден од нашите основни општествени постулати. Ваквото одбележување првенствено го истакнува значењето кое како држава го полагаме во делот на образованието и личната надградба на поединецот, а од друга страна е совршен пример за почит кон јазиците, културата и традициите на заедниците во една држава, вели Груевски во честитката.
Годинашната прослава е, додава тој, десетта и јубилејна прослава на Денот на наставата на турскиот јазик, а во чест на турската етничка заедница во Република Македонија.
– Десет години заеднички прославуваме и заеднички работиме за доброто на нашите граѓани. Зад нас стојат многу проекти од областа на економијата, бизнисот, здравството, образованието, културата, книжевноста, театарската уметност и многу други полиња од наш заеднички интерес, но и од интерес на двете држави, Република Македонија и пријателска Република Турција. Заеднички реализиравме многу, но не чека уште многу работа, за да овозможиме стабилен, континуиран и уште поголем напредок од интерес на сите граѓани во државата, истакнува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во честитката.
Пред десетина години, посочи Груевски, Парламентот во кој што мнозинството го имаше токму ВМРО-ДПМНЕ донесе законски измени со кои се овозможи прогласување на денот на настава на турски јазик за државен празник.
Се надевам, додава тој, дека како и досега, така и во иднина, со взаемна почит и заеднички напори ќе продолжиме да работиме за доброто на нашите граѓани, за стабилна, просперитетна и напредна Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев со честитки за Курбан Бајрам: Да ја јакнеме заедницата како едно општество за сите
-
Мицкоски го честита Бајрам: Богатството е во различностите на верите, културите и традициите
-
Мицкоски со честитка до припадниците на АРМ: Нашите војници ги исполнуваат највисоките НАТО стандарди!
-
Претседателот Иванов го честита Рамазан-Бајрам: Дозволете ми овој ден да повикам на слога и заедништво