Церемонијата на отворањето на тунелот “Евроазија”, кој минува под Босфорскиот мореуз, не била одложена иако земјата е во шок по вчерашното убиство на рускиот амбасадор во Турција.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган рекол дека одлуката да не се откаже церемонијата за отворањето на тунелот е „одговор на тероризмот”.
– Не можеме да дозволиме тероризмот да преземе контрола над нашиот распоред – рекол Ердоган.
Тунелот долг 5,4 километри, чиј дел од 3,4 километри е под Босфор, има за цел да го олесни озлогласениот сообраќаен метеж во тој град од 18 милиони жители. Се очекува дека дневно околу 120.000 возила ќе го користат овој тунел.
Рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов вчера бил убиен од турски полицаец, кој притоа извикувал слогани за сирискиот град Алепо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст