| четврток, 6 декември 2018 |

Ремонт на „Ѓаволите“: Мурињо подготвува огромна сума на пари за нови засилувања

Португалските весници, пред се „О’Жого“, пишуваат дека претседателот на Бенфика пристигнал во Англија за да ги заврши преговорите за Виктор Линделоф.

Клаузулата важи од летниот преоден рок, но на Јунајтед му се брза. Мендеш се обидува да издејствува договор за Мурињо кој ќе биде околу 40 милиони евра. Младиот Швеѓанец би требало да биде првото засилување во јануарскиот преоден рок.

Но, тоа не е единствениот стопер кој Мурињо сака да го доведе.

Започнале наводно преговорите со Рома околу Ридигер. Потребна е замена за Баи, „Волчицата“ наводно е во финансиски проблеми и мора да го продаде стоперот кој минатата година го доведе од Штутгарт и кој во целост се афирмираше во екипата.

Цената на Ридигер, чиј татко е Германец, а мајка од Сиера Леоне е околу 30 милиони евра. Овој млад играч веќе одигра петнаесетина натпревари за „Панцерите“, а не учествуваше на ЕУРО 2016 бидејќи го повреди коленото три дена пред стартот на турнирот.

Засега римските медиуми не наведуваат дали Рома реагирала на наводната понуда на Манчестер Јунајтед, со оглед на тоа дека летоска го одбија Челзи кој ја нудеше истата сума.

Во секој случај, парите не се проблем. Мурињо проценил дека му недостасува квалитет во последната линија.

Тој исто така ќе ги расчисти работите во тимот. Депај си заминува сигурно, а се споменува дека и Маруан Фелаини кој има проблем со навивачите би можел ова јануари да си замине во Серија А и тоа најверојатно на позајмица во Интер или Милан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top