Четиринаесетгодишно момче остана без двете дланки по тешките повреди добиени од петарда. Лекарите морале да му ги ампутираат двете дланки, потдврдуваат од љубљанскиот клинички центар.
„Момчето има повреди на лицето, очите и слухот, а повредите на рацете беа толку тешки што моравме да му ги ампутираме двете дланки“, стои во соопштението.
Несреќата се случила во детската соба на момчето, каде што си играло со забранети пиротехнички средства и предизвикало експлозија на посилна петарда.
Лекарите велат дека пациентот е свесен и во стабилна состојба, но последиците ќе ги чувствува целиот живот.
„Кандидат е за пресадување. Го чекаме напредокот на медицината“, велат лекарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст