| четврток, 6 декември 2018 |

Шестмина несовесни Македонци заболеле од маларија

Во тешка здравствена состојба, 28 годишен тетовец заболен од маларија е под карантин во Клиниката за инфективни болести. Според информации на zdravstvo24.mk пациентот бил хоспитализиран пред една недела. Kај него лекарите ја дијагностицирале најтешката форма на заразата

Болеста ја донел од Јужноафриканската Република, каде што бил на привремена работа. Епидемиолозите загрижени – ова е шести случај за 11 месеци, за разлика од порано кога имало по еден-двајца заболени годишно.

Загрижени сме бидејќи ова се многу случаи и кај сите нив или малку или воопшто не пиеле антималарици. Сите овие 6 случаи годинава се млади од 28 до 58-годишна возраст во најрподуктивните години. одат во земји каде има маларија, а не се заштитуваат, вели д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.

Македонците кои годинава заболеле од маларија работеле во Мали, Ангола, Сиера Леоне и ЈАР. Според податоците од епидемиолошките анкети, тројца од нив се од Тетово, двајца скопјани и еден од Гостивар. Епидемиолозите со апел до сите кои патуваат во ризичните земји да внимаваат на болестите кои ги демнат.

Мора да апелирам до сите, имајќи предвид дека ни престојат новогодишни празници, но и за туристи како и работници, пред да одат на патување во африканските земји, задолжително да консултираат лекар за болести кои ги има таму, вели д-р Караџовски.

Епидемиолозите предупредуваат дека маларијата е опасна болест која предизвикува сериозни компликации или да заврши фатално. Лекувањето е дојготрајно, а пациентите цел живот може да имаат проблеми со црниот дроб или бубрезите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top