| четврток, 6 декември 2018 |

Управниот суд ја прифати тужбата на ВМРО – ДПМНЕ за Гостивар, во недела ќе се прегласува во Теарце

Управниот суд ги донесе одлуките по сите пет тужби поднесени од политичките партии. Според одлуката на совет составен од судиите Есма Алибашиќ Јонуз како претседател на советот, Розалиа Кочковска, Ана Герасимовска, Тања Терзиева и Ељмедине Асани – членови на советот, тужбата на тужителот Коалиција за предвремени избори за пратеници во Собранието на Репубилка Македонија 2016 година, предводена од ВМРО – ДПМНЕ, СЕ УВАЖУВА.

Решението на Државната Изборна Комисија УП 1 10-487 од 16.12.2016 година СЕ ПРЕИНАЧУВА и СЕ ОДЛУЧУВА:

Приговорот УП 1 10-487 од 13.12.2016 година, поднесен од подносителот на листа на кандидати – политичка партија Движење Беса, за постапката на гласање во гласачкото место број 0396/1, општина Гостивар, Изборна единица број 6, согласно чл.147 став 3 алинеа 2 од Изборниот законик, СЕ ОТФРЛА КАКО НЕУРЕДЕН.

Ова значи дека нема да има прегласување на избирачкото место каде според ДИК некој друг гласал во името на Фатиме Сулејмани за што беше ангажиран и графолог.

Советот пак составен од судиите: Лулзим Салиу – претседател на советот, Нада Иванова, Едита Насковска, Снежана Трповска и Исмета Амет – членови на советот донесоа одлука со која тужбата на овластениот претставник на листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонијана Коалицијата предводена од Социјалдемократски сојуз на Македонија-СДСМ, – Стевица Јосифовски, СЕ УВАЖУВА.

Решението на Државната изборна комисија УП1.бр.10-488 од 18.12.2016 година, СЕ ПРЕИНАЧУВА И СЕ ОДЛУЧУВА:

Приговорот УП1.бр.10-488 од 13.12.2016 година, на овластениот претставник на листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија на Коалицијата предводена од Социјалдемократски сојуз на Македонија, СЕ УВАЖУВА.

Гласањето на гласачкото место бр.2011 во Општина Теарце за Изборна единица број 6, СЕ ПОНИШТУВА.

Ваквата одлука на советот значи дека во недела на 25.12.2016 година повторно ќе има гласање на избирачкото место 2011 во Општина Теарце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top