Мажот, кој повреди три лица во Исламскиот центар во Цирих, пронајден е мртов во близина на злосторството, соопшти денеска швајцарската полиција.
Полицијата соопшти дека го идентификувала осомничениот за нападот, но не наведе други детали. Напаѓачот вчера упадна во џамијата и почнал да пука врз верниците. Во Швајцарија дветретини од вкупно 8,3 милиони жители се христијани, а муслиманската популација порасна за пет проценти по доаѓањето на имигрантите од поранешна Југославија.
Во 2009 година Швајцарците на референдум се изјаснија против изградба на ново минаре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Убиецот од Торонто е 29-годишниот Фаисал Хусеин кој бил ментално болен
-
Жена-херој застрела вооружен напаѓач кој напаѓал мајки што носеле деца во училиште (видео)
-
Москва: Специјалци влегоа во фабриката, приведен напаѓачот
-
Напаѓачот кој уби 27 лица во црква во Тексас сметал дека „верниците се глупави“