Дали некогаш сте се прашале зошто „Фејбуск“ е токму со сина боја? „Фејсбук“ се користи веќе 12 години, а нијансата на сина боја на неговиот бренд стана препознатлива за милиони луѓе, кои автоматски ја поврзуваат со најголемата социјална мрежа во светот.
Причината за сината боја е многу едноставна. Марк Цукерберг, основач и сопственик на „Фејбук“, е далтонист и не ги распознава црвената и зелената нијанса.
– Сината боја е најбогата боја за мене. Јас ги гледам сите нијанси на сината – изјави Цукерберг во една пригода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.