| четврток, 6 декември 2018 |

Битола ќе стане атрактивна туристичка дестинација во 2017 година

Новиот сет активности, мерки, иницијативи и проекти се во правец на постигнување на визијата „Битола, атрактивна туристичка дестинација“.

Општина Битола ја утврди програмата за развој на туризмот и со одлука на општинскиот Совет, во 2017 година ќе бидат вложени 1,3 милиони денари.

Според стратегијата за социо-економски развој, општината посебен акцент придава на развојот на туризмот како глобален тренд и гранка со исклучителен потенцијал и можности, и во таа смисла, локалната самоуправа понуди мерки, активности, проекти и иницијативи чија цел е динамичен и комплементарен развој на туризмот во општина Битола.

– Новиот сет активности, мерки, иницијативи и проекти се во правец на постигнување на визијата „Битола, атрактивна туристичка дестинација“. За таа цел ќе отвориме туристичко инфо-биро кое ќе биде лоцирано во централното градско јадро и каде ќе се издаваат брошури, разгледници, мапа на градот, како и насоки за туристички манифестации или можности, информираат од локалната самоуправа.

Општина Битола во 2017 година ќе продолжи со втората фаза од туристичката сигнализација и ќе ги поддржи идеите за уредување и промовирање на нови микро локации за туристички излетишта.

За реализација на програмата, општина Битола очекува поддршка од ЗЕЛС, државната Агенција за промоција и поддршка на туризмот, како и од други субјекти со кои зедно ќе подготви база на податоци во функција на развојот на туризмот во овој град.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top