Осомничениот извршител на нападот во Берлин е 23-годишниот Пакистанец, Невед Б., објави германскиот весник „Велт“.
Во исто време германски специјални сили извршија претрес во Центарот за бегалци, кој се наоѓа во затворениот берлински аеродром „Темпелсхоф“.
Испрашани се четири млади лица, сместени во Центарот за бегалци. Засега властите не коментираат дали претресот во Центарот за бегалци е поврзан со нападот на божикниот базар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.