Откако со камионот влета во преполниот божикен базар во Берлин, напаѓачот побегна од местото на злосторството. Но, не забележа дека случаен минувач го следи.
Полицијата го стигнала кај Бранденбуршка капија. Tие добиле дојава од човекот кој два километри го следел мигрантот. Возачот на камионот веројатно имал план да исчезне во темниот парк, но за среќа не стигнал да го направи тоа, пишуваат германските медиуми.
Напаѓачот е 23-годишниот Пакистанец Навед Б., мигрант кој во Германија дошол минатата година преку балканската рута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.