| четврток, 6 декември 2018 |

Вентура ќе го врати Балотели во репрезентацијата?!

mario-baloteli

Осум натпревари и исто толку голови има на контото на Марио Балотели во дресот на Ница. Проблематичниот фудбалер се мачеше да го пронајде вистинскиот клуб, но се мачи и во националниот дрес на Италија. Последен негов настап за репрезентацијата беше пред две години во групната фаза на Светското првенство во Бразил.

Џан Пјеро Вентура го изостави Балотели од последниот список за квалификациите за СП 2018 година што ќе се држи во Русија, но тоа не значи дека во иднина напаѓачот нема повторно да биде повикан.

– Ќе разговарам со Балотели пред да го соопштам списокот пред наредниот собир. Нема потреба да се дискутира за неговите технички квалитети, но моите претходници ми потенцираа дека мора да се проценат и други квалитети на играчите. Никој не се сомнева дека Марио е талентиран играч и јас немам ништо против него. Но за секој играч, не само за Балотели, важи истото правило – важно е да биде дел од колективот, да се жртвува и да има разбирање. Постојат играчи кои се навикнаа да работат, постојат и поинакви. После нашиот разговор тој ќе мора да се преиспита и да си одговори на многу прашања – наведе селекторот на Италија не отфрлајќи ја можноста во скоро време Балотели да се врати во репрезентацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top