| четврток, 6 декември 2018 |

Напаѓачот од Берлин поминал низ Македонија

Дваесети тригодишниот Навед Б. е осомничен за синоќешниот напад во Берлин, во кој 12 лица загинаа, а 48 се ранети. Пакистанецот во Германија дошол лани, а како бегалец е регистрирант на 31 декември 2015 година во Пасау.

Навед во Германија дошол преку балканската рута, дознава ДПА од сигурносни извори. Бил сместен во хангар на аеродромот Темпелхоф, кој бил пренаменет во бегалски центар, каде ноќва германската полиција извршила рација.

 

Каде го украл камионот со кој влетал во божикниот базар се уште не е познато. Според првичните информации, камионот го украл на градилиште во Полска, но според новите информации веројатно го украл во Берлин. Се работи за полски камион, чиј возачот е пронајден мртов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top