| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ уште се трага по напаѓачот од Цирих

Лицето, кое вчера попладне отвори оган пред Исламски центар за молитва во Цирих, сѐ уште не е познато и по него полицијата сѐ уште трага.

Мотивите за нападот, исто така, остануваат непознати.

Во нападот беа ранети три лица на возраст меѓу 30 и 56 години.

Очевидци го опишуваат како маж на околу 30 години, кој бил облечен во темна облека, со темна шапка на главата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top