Тешка сообраќајна незгода се случила ноќеска, 45 минути после полноќ на патниот правец Велес – Скопје во кој животот го загуби 28 годишна скопјанка.
Сообраќајната незгода се случила кога моторното возило во кое се превезувала починатата удрило во десната страна на вијадуктот и се превртело. По незгодата со тешки телесни повреди се здобило лицето М.М. која починала на пат кон болница.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.