Доналд Трамп го поздрави неговото официјално избирање за претседател на САД од Изборниот колеџ.
Трамп во изјавата вети дека ќе ја обедини земјата и ќе биде претседател на сите Американци. Тој ја означи победата како историска, бидејќи е резултат на будењето на милиони мажи и жени во Америка.
„Таа стана можна поради будењето на милиони мажи и жени во целата земја“, рече Трамп.
Неколку минути претходно, кандидатот на републиканците официјално ја прогласи својата победа.
„Успеавме!“, напиша тој на Твитер, откако го обезбеди неопходното мнозинство во Изборнииот колеџ.
We did it! Thank you to all of my great supporters, we just officially won the election (despite all of the distorted and inaccurate media).
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 19, 2016
При пребројувањето на сите гласови Трамп освои 304, додека кандидатката на демократите Хилари Клинтон 227 гласови. За победа во 530-члениот Изборен колегиум потребно е мнозинство од 270 гласови.
Претседателските избори во САД се индиректни. На 8 ноември избирачите во земјата гласаа за членовите во Изборниот колеџ, кој потоа официјално го бира шефот на државата.
За 6 јануари е свикана заедничко заседание на двата Дома на Конгресот, кои ќе ги утврдат резултатите од гласањето во Колеџот.
Трамп ќе стане 45. претседател на САД на 20 јануари, кога ќе положи заклетва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.