| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајден сопственикот на камионот

Камионот кој удри во штандовите кои биле поставени за божикниот базар во Берлин бил регистриран во полскиот град Гдањск, пренесуваат светските медиуми.

Ариел З. е сопственик на компанијата која го поседува камионот и тој се обиде да објасни што се случило.

Тој изјави дека камионот од него го зел на користење роднина кој сакал да помине една ноќ во германската престолнина.

– Не можам да замислам дека роднината ја предизвикал несреќата, тој има 15-годишно искуство во возење камиони – изјави Ариел.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top