| четврток, 6 декември 2018 |

Новата влада на Албанија ќе плати неколку милиони фунти за советите на Тони Блер

Поранешниот британски премиер Тони Блер ќе биде советник на новата влада на Албанија, соопшти лидерот на опозициската Социјалистичка партија, Еди Рама.

Договорот е склучен во канцеларијата на некогашниот премиер во централен Лондон. Албанија се надева дека наскоро ќе влезе во ЕУ, па Блер, најверојатно, ќе биде ангажиран да помогне во тој процес, но и во имплементацијата на новите внатрешни реформи во Албанија.

Последните анкети покажуваат дека Рама може да освои 49 проценти од гласовите. Портпаролот на партијата не сакаше да коментира за сумата што ќе му биде исплатена на Блер за неговите совети. Британските медиуми пишуваат дека надоместот ќе изнесува неколку милиони фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top