Медиумите јавија дека во близина на трагедијата која вечерва се случи во Берлин е уапсен возачот на камионот кој усмрти најмалку девет, а повреди 50 лица на божикниот базар во овој германски град. Сведоци раскажуваат дека станува збор за огромен камион кој влетал во штандовите, а претходно поминал низ дел од градот во кој е многу тешко да се дојде со моторно возило.
Како што пренесуваат светските медиуми постои сличност со терористичкиот напад во Ница, Франција, каде што летово загинаа десетина луѓе.
„Брајтшејдплац“ е целосно одвоен од сите сообраќајници, се наоѓа меѓу две прометни улици и во близина на црква, што ги подгрева сомнежите дека се работи за намерен инцидент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.