| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија во поинаква ЕУ

Европската комисија работи на големо, а Ирска ќе има полни раце работа, порача Филе.Но, ЕУ во која еден ден ќе влезат земјите- кандидатки, ќе биде поинаква.

Земјите-кандидати ќе и се приклучат на ЕУ која ќе биде поинаку организирана од сегашната, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе пред шефовите на дипломатиите на Унијата.

– Од дискусиите кои се водеа денеска јасно се гледа дека ЕУ, во која еден ден ќе влезат земјите кои сакаат да се приклучат, ќе биде поинаква од Унијата која ние ја познаваме денес, истакна Филе во својот говор на неформалниот состанок на Министерскиот совет во Даблин.

Тој додаде дека во Комисијата на големо се работи на интеграцијата на идните членки со новото економско уредување на ЕУ и ја предупреди Ирска, која претседава со Европскиот совет, дека ќе има „полни раце работа“ во врска со проширувањето. Филе истакна пред министрите дека сега е најважно да се одржи темпото во процесот на проширување, а клучот на успехот се наоѓа во земјите-кандидати кои треба да ги спроведат потребните реформи.

Србија и Македонија за време на ирското претседавање, кое трае до 1 јули, очекуваат добивање датум за почеток на преговори, а Црна Гора се надева на отворање на нови поглавја во преговорите за членство во ЕУ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top