| четврток, 6 декември 2018 |

Португалија воведува данок на убав поглед од прозорец

Португалија воведува нови давачки на сопствениците на куќи со убав поглед и со изобилство од сончева светлина, објавено е денеска во португалскиот Службен весник.

Не се работи баш за нов данок – таквите куќи и станови и до сега плаќаа 5% повисок данок на имот, но со новиот закон истиот ќе биде зголемен на 20% во случаите во кои куќата или станот имаат убав поглед. Овие мерки веќе предизвикаа гнев меѓу здруженијата на потрошувачи и сопственици.

Од друга страна, сопствениците на куќи од кои се гледаат гробишта или некаква индустриска зона/фабрика, ќе добијат намалување на данокот и до 10%. Досега „попустот“ изнесуваше 5%.

За почеток, покачувањето ќе важи за сите станбени недвижнини кои се подложни на данок на имот, а потоа ќе се ограничи само на куќите поскапи од 250.000 евра.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top