Замислите ситуација во која во среде ноќ ве буди плачот на вашата двегодишна ќерка, а потоа ја гледате во раце на потполно непознат човек?
Тоа му се случи на еден човек во Аризона, кој сакал да остане анонимен. Настанот се случил минатиот четврток, кога во 2,30 часот наутро ја чул ќерка си како плаче и тоа го разбудило. Кога станал ја видел во прегратка на непознат човек, подоцна идентификуван како Орен Арон Коен.
Коен (34) во полиција изјавил дека бил толку многу пијан и единствено нешто на што се сеќава е дека си играл со некое „џуџе“, пишува „Вашингтон пост“.
Родителите веднаш повикале полицијата, која морала да користи муниција за зашеметување, бидејќи пијаниот човек се противел на апсењето.
Родителите на детето изјавиле дека никогаш не го виделе човекот кој го затекнале во својот дом и дека девојчето било во пижами и поспано.
Коен изјавил дека вечерта пиел со своите пријатели и не знае како се нашол во станот. Немало знаци на насилничко влегување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)
-
Пораснаа децата на поранешниот претседател, Борис Трајковски!
-
Живот од бајките со трагичен крај: Ова е убавата ќерка на сопственикот на Лестер која загина со татко и
-
Ќерка на висок полициски функционер на одмор со луксузен џип на МВР(фото)