Најмалку 48 лица починаа од труење со алкохол во источен Сибир, поради што денеска во Иркутск е прогласена вонредна состојба. Отруените пиеле лосион за капење кој содржи метанол. За случајот отворена е истрага и досега четири лица се уапсени поради сомнеж дека го продавале лосионот.
Локалните власти наведуваат дека уште најмалку 15 лица се во болница во тешка состојба и се стравува дека ќе расте бројот на жртвите. Рускиот премиер, Дмитриј Медведев на седница на владата изјави дека властите мораат брзо да делуваат и да ја забранат продажбата на овие пијалоци.
„Тоа e страшно. Мора да се стави крај“, изјави Медведев. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека за се е информиран претседателот Владимир Путин. Сите жртви се од населбата Ново Ленино во Иркутск.
Истражниот комитет на Руската федерација, највисокиот истражен орган во земјата, објави дека на боците со лосион пишувало дека е само за надворешна употреба. Вакви труења редовно се случуваат во Русија, но овој случај во Иркутск е еден од најсмртоносните во последните години. Иркутск е шести по големина град во Русија со 1,1 милион жители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


