| четврток, 6 декември 2018 |

Страв се шири на север: Финците тврдат дека им доаѓа опасност од Русија

ay5ktkpturbxy9mywuxyjy3mtu3mmexmjq2owzizthjmtg0nzvmzdq2yi5wbmetlqlnaxqawsovas0b1gdcw5uh2tivchvsc2ntcy9nrefflzfknzrjyjqxnza1otuwndm2nji5y2fizdywnmy1mgy2lnbuzwfcaa

Финската влада изрази загриженост поради дестабилизирачката пропаганда од Русија, под чија контрола таа земја се наоѓаше некогаш.

Министрите за „Ројтерс“ изјавиле дека ги следата известувањата на медиумите под контрола на Кремљ, кои, како што тврдат, имаат за цел да ја доведат под прашање независноста на Финска.

Финска, членка на ЕУ, во декември следната година ќе обележи 100 години од прогласувањето независнот од Русија, а министерот за комуникации Марко Мантила изјавил дека неговите луѓе забележале вистинска навала на напади од медиумите, позади кои стои државата.

– Веруваме дека агресивното влијание од Русија има за цел да создаде недоверба меѓу лидерите и граѓаните и да не натера да донесуваме одлуки кои ќе бидат штетни за нас. Исто така, има за цел да ги натера граѓаните да се сомневаат во ЕУ и да ги предупредува дека Финска не треба да се приклучи на НАТО.

Финските власти тврдат дека имаат причини да бидат вознемирени поради очигледните руски обиди за дестабилизација на земјата. Русија ги премести нуклеарните ракети во Калининград, на границата со Полска и Литванија, пренесува „Индепендент“.

 

Во последно време зачестени се објавите во руските медиуми во кои се тврди дека Лениновата болшевичка администрација не требало да ја прифати независнота на Финска. Во Санкт Петербург спомен-плоча посветена на фински херој во борбата за независност беше мета на демонстрантите, кои Карл Густав Манерхајм го нарекуваат убиец и соработник на нацистите.

– Во плочата пикаа, ја удираа со секири и ја исфарбаа со црвена боја неколку пати – додал Мантила за „Ројтерс“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top