Во новата операција од Алепо, околу 1000 луѓе го напуштиле градот. Околу 20 автобуси со евакуираните од источниот дел на градот биле донесени во западниот дел, а меѓу тие 1300 лица има многу жени и деца, пренесуваат странските медиуми.
Истовремено се евакуирани и околу 500 луѓе од градовите Фу и Кафрај, две места под провладини шиитска контрола, а под опсада на бунтовниците во провинцијата Идлиб. Вчера извлекувањето во овие две места беше прекинато откако беа нападнати и запалени шест автобуси кои се подготвуваа да влезат во местата. Оваа евакуација е поврзана со договорот за прекин на огнот за да може цивилите да ја напуштат енклавата во источниот дел на Алепо. Од овие два града треба да се пренесат преку 2.000 болни и ранети лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во Калифорнија е наредена евакуација на уште 10 илјади луѓе
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)