Милош Теодосиќ се покајал поради раскинувањето со Анастасија Ражнатовиќ. Кошаркарот на сите начини се обидува да се смири со ќерката на Цеца, дознава српски Курир.
Тео смета дека згрешил што поради пристисокот на јавноста и далечината ја оставил Анастасија по само два месеца врска и ја убедува да му даде уште една шанса. Меѓутоа наследничката на најголемата балканска ѕвезда за славниот спортист не сака да слушне.
-Таса не сака да се враќа на поранешните!Врската со Тео сакаше да ја сокрие од медиумите бидејќи знаеше дека поради притисокот на јавноста ќе има проблеми. Така и беше. Сега Милош се кае што постапил незрело и бара да се смири со неа – раскажал извор близок на спортистот.
Додава дека кошаркарот на московскиот ЦСК не очекувал дека ќерката на Цеца ќе го одбие.
-Сакаше заедно да ја дочекаат Новата Година во Москва. Меѓутоа доби ладен туш. Анастасија тоа веднаш го одби. Беше љубезна и објасни дека празниците ќе ги дочека во кругот на семејството и со пријателите. Му порача дека за нив е доцна и дека нема потреба повторно да ја отвараат таа тема. Му рекла дека се помирила со фактот дека нивната љубов нема перспектива дека свртела друг лист и дека го продолжила животот – завршува изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Нашата мајка имаше дилема дали да го роди: Братот на познатиот актер е игумен, а неговите зборови ќе ве расплачат!
-
Анастасија проговори за љубовта: Моите песни се ќе ви откријат!
-
После агонијата и неизвесноста, телото на загинатиот Милош стигна на Косово: Момчето денеска е погребано