Норвешка го освои седмото злато од вкупно 11 медали од ЕП, откако вечерва во големото финале на ЕП ја совлада Холандија, минимално 30-29. Холандија досега само четири пати беше дел од ЕП, а најдобар пласман им е седмото место.
Холандија имаше желба и мотив, но во клучните моменти од натпреварот во вториот дел дозволи Норвешка да поведе и со пет погодоци разлика, за на крај во неизвесен финиш да ја загуби титулата. По означување на крајот на семафорот остана запишан финалниот резултат 30-29 и славјето пред точно 11.300 гледачи во арената „Скандинавиум“ започна.
Нора Морк со 12 гола беше играч број еден на финалето, но одлични беа и Грот, Полман, Фрафјорд и голманите Гримзбо и Визер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Киненова“: Ексклузивна програма „Фокус на Норвешка“ во Кинотека на Македонија
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
Штеф Блок до Никола Димитров: Политиката на Холандија е строга, но фер!
-
Mаленко го лажел Поп Ацев дека ќе настапи на Европското првенство во Глазгов