Кристијано Роналдо блесна кога беше најпотребно за Реал Мадрид, па со хет-трик во финалето против Кашима им ја донесе на „кралевите“ титулата светски клупски шампиони. До трофејот се стигна со многу мака, дури по продолженија од два пати по 15 минути, но Роналдо со постигнатиот хет-трик заслужено по натпреварот го доби и МВП признанието за најкорисен фудбалер на големото финале.
– Многу се мачевме, но ова сепак беше финале, а секоја битка за трофеј е мачење на свој начин. Пресреќен сум бидејќи ја завршуваме оваа година на најдобар можен начин, ова е година од соништата за мене, освоив се што можеше да се освои, ЛШ, ЕВРО 2016, „Златната топка“ сега и клупскиот мундијал, сакам уште еднаш јавно да им се заблагодарам на сите мои соиграчи бидејќи без нивната помош немаше да ги освојам сите индивидуални признанија – изјави Роналдо по најновиот трофеј во неговата богата колекција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мајката на Португалецот објави интересна фотографија: Роналдо е целиот на баба (фoтo)
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Необичен момент пред шутот на Роналдо: Топката се подига пред ударот (видео)
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)